Маркетингот е еден од најважните сегменти, кој ја создава сликата на секоја компанија, и секако, помага во подобрување на финансиските резултати.
Во последните 10 години сме длабоко инволвирани во создавањето на слика за нашите клиенти, снабдувајќи ги со брендирани, и многу често персонализирани маркетинг производи, кои се внимателно одбрани да се совпаѓаат со имиџот на компанијата.
Во овој сегмент на нашите клиенти им нудиме целосно брендирани и персонализирани маркетинг производи, во класична или посебна изведба, целосен графички дизајн, стандарден и дигитален печат, и принт на големо-димензиски банери и билборди.
Во 2009 година бевме вклучени во ко-организација на манифестацијата “Open Day” со нашите клиенти Sharrcem, со задача да изработиме целосно персонализирани и брендирани маици, капи, подароци, да организираме забава за гостите и игралишта за деца, воздушни капии за добредојде на посетителите и дизајнирање на мултимедијалнo CD од настанот.
Еве некои од производите за нашите клиенти:
- Тотеми
- Брошури
- Кошули
- Маици
- Капи
- Календари (персонализиран)
- Агенди – тефтери (персонализиран)
- Знамиња
- Банери со големи димензии
- Билборди